Утрово, во 8 часот и 40 минути до охридската Проотивпожарна служба било пријавено дека гори оџак од приватна куќа во населбата Радојца Новичиќ. По пристигањето на пожарникарите било утврдено дека пожарот веќе зафатил голем дел од кровната конструкција, по што биле повикани сите возила и вработени од Противпожарната служба за да помогнат во гаснењето на огнената стихија.
Како што информира командирот на Противпожарната служба, Спасе Прентоски, пожарот е веќе изгаснат , но предизвикана е голема материјална штета.
– И во овој случај како и во оној кој се случи минатата недела во стариот дел од градот , пожарот избил поради неисчистен оџак. Станува збор за нова куќа, и за жал изгорен е голем дел од објектот, информира Прентоски.
Тој со апел редовно да се одржуваат оџаците и чистат затоа што нивното неодржување е најчестата причина за пожарите кои се случуваат во зимскиот период.











