Во рамки на редовните активности на Управата за јавни приходи од почетокот на 2013 година во Охрид биле извршени 25 контроли, при што се утврдени  направилности во работењето кај 12  објекти- трговија на големо и мало,  колонијали, бутици, парфимерии и др.

Најголемиот број утврдени неправилности, прекршоци и постапувања  спротивно на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, воглавно биле  поради неиздавање на фискална сметка. 

– На прекршителите им е изречена парична глоба која се движи до 3250 евра во денарска противредност, како и времена мерка за забрана на вршење на дејност од 15 дена, односно 30 дена, информираат од УЈП.

Оттаму, потенцираат дека Управата за јавни приходи  врши редовни контроли во делот на фискализација и неселективно презема мерки  против сите оние кои имаат намера да се стекнат со неправична и незаконска “предност” во однос на лојалната конкуренција.

Т.К.