Во вториот квартал од годинава поради непочитување на законските одредби од законот за превоз во патниот сообраќај, одземени биле 37 возила со кои се вршел незаконски јавен превоз на стока и патници без дозвола, односно лиценца, од кои 34 се трајно и 3 возила се времено  одземени, информираат од министерството за транспорт и врски.

Во истиот период се издадени вкупно 153 платни налози и 91 покана за наплата на глоба за лицата кои ги прекршиле законските одредби. Надлежните инспектори поднеле 191 барање за поведување прекршочна постапка до надлежните судови, и 186 барања до надлежната комисија за прекршоци заради констатирани нерегуларности. Еден дел од трајно одземените возила дел ќе биде распределен на институции каде има потреба од тоа, а друг дел ќе бидат предмет на продажба.
 
Од Државниот инспекторат за транспорт информираат дека во континуитет се врши инспекциска контрола во однос на изградбата, одржувањето и заштитата на патиштата  и   патниот појас, мостовите, сигнализацијата, опремата  на патиштата и врши проверка на оптоварување на патиштата од возила.
 
Исто така, редовно се вршат акциски контроли согласно Законот за превоз во патниот сообраќај на сите автобуски станици во Република Македонија каде се следи редовноста и уредноста на меѓуопштинските и меѓународните линии како и исполнување на соодветните техничко-експлоатациски услови на возилата со кои се извршува превоз на патници.

OhridNews