Паркирањето на автомобилите на места на кои тоа е забрането го отежнува извршувањето на тековните обврски на вработените од “Комуналец”, тврдат од ова јавно претпријатие.

Особено во летниот шпиц кога и обемот на работа е двојно зголемен, овој проблем највеќе е изразен на улиците “Македонски Просветители” каде возилата се паркираат по обележаната велосипедска патека со што сообраќајот од двонасочен се претвора во еднонасочен, потоа кружниот тек на градскиот плоштад каде од пред 10 дена е забрането паркирање, но сеуште се паркираат возила, како и во стариот дел од градот каде многу често е попречено движењето на нашите возила. Од наша страна побарана е интервенција од надлежните-сообраќајната полиција, но веќе 10 дена се толерираат непрописно паркирани возила на гореспоменатите горливи точки, велат од ЈП Комуналец.



Од ова претпријатие потенцираат дека поради овој проблем, екипите не можат да ги изведуваат активностите поврзани со одржување на јавната чистота како што се миење на сообраќајните површини, машинско и рачно метење на јавните површини, како и одржувањето на услужната хигиена. Специјалните возила за подигање отпад не можат слободно да се движат по коловозните ленти, при што се создава метеж и сообраќаен хаос.

OhridNews