Такси возило во движење, за да избегне удар во несовесен пешак кој се движел на коловоз, сврти и се заби во бетонски дел од кружниот тек на пресекот на „Туристичка“ и „Јане Сандански“.

Повозрасниот пешак, според кажувањето на очевидци, и покрај инцидентот, продолжил да се движи по коловозот без воопшто да застане.

Предизвикана е материјална штета врз такси возилото кое подолго време стоеше на кружниот тек, бидејќи поради оштетувањето не беше во возна состојба.

OhridNews