Поради обилните врнежи, излеани се неколку реки на територијата на Општина Дебрца, информира градоначалникот Златко Силјаноски. Посочува дека екипите на општината се на терен уште од вчерашниот ден и активно се работи со расположливата механизација.
Во интервенциите се вклучени и приватни компании со цел навремено и ефикасно справување со состојбата. Она што е најважно во моментов е дека засега немаме ниту еден поплавен објект, посочува.

OhridNews













