На магистралниот пат Кичево – Охрид, кај село Врбјани од 12:30 часот сообраќајот на една коловозна лента е блокиран.

Како што соопшти АМСМ, причина за тоа се одрони на пат.

Автопатот Охрид - Кичево во изградба
Автопатот Охрид – Кичево во изградба

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

OhridNews