
Поради изнудената промена, патувањето од Охрид до Скопје со автобус се очекува да се пролонгира од 20 минути до половина час, велат од „Галеб“.
Според најавите, оштетувањето на мостот на Стража се очекува да биде санирано за десетина дена, период во кој автобусите на „Галеб“ за Скопје ќе сообраќаат по алтернативен пат, односно преку Дебар. За секоја промена, јавноста навремено ќе биде информирана, додаваат од „Галеб“.
Како што веќе информиравме, патот од Стража кон Гостивар и обратно, попладнево е затворен за сообраќај за товарни возила, чија тежина надминува седум и пол тони.
Од „Македонија пат“ информират дека причина за затворање на патот е оштетување на мостот во близина на селото Церово.











