Фудбалерот на Милан, Мбаје Нијанг, се повредил во сообраќајна несреќа, поради што ќе мора да отсуствува од тимот во наредните два месеца, пренесува Sky Italia.


Според истиот извор, Нијанг, ноќта помеѓу саботата и неделата, во сообраќајна несреќа се здобил со повреди на рамото и скочниот зглоб.

По несреќата, францускиот напаѓач, бил тестиран по што било констатирано дека тој не бил под дејство на алкохол.

Тренерот на Милан, Синиша Михајловиќ, ќе мора да бара друго решение во нападот, бидејќи Нијанг е стандарден во тимот.

Инаку, Милан во саботата го победи Торино (1:0), а Нијанг беше на теренот до 90.минута кога беше заменет со Марио Балотели.

OhridNews