Поради изведување на одредени зафати при реконструкција на пумпната станица Метропол, утре, 11 декември, од 08:30 часот до завршување на активностите, со намален притисок ќе бидат делови од градот Охрид како и околните места, информира ЈП Водовод Охрид.
Исто така, утре (четврток), ќе се врши замена на постоечки вентили на главната водоводна линија во Пештани, при што ќе има прекин во водоснабдувањето на овој потег од 08:30 часот до завршување на активностите, стои во соопштението.
Г.М.












