Во периодот од 1 до 24 септември ЈП “Билјанини Извори“ ќе спроведе акција
за замена на стар со нов бусен на местата каде фудбалското игралиште на Градскиот
стадион беше оштетено. 


Во споменатиот
период потребен за
адаптирање на новиот бусен, градскиот
стадион ќе биде затворен за
употреба и фудбалските екипи нема да можат да го користат.

Како во моментов стојат работите
прволигашот Охрид и второлигашот Охрид Лоте ќе мора да бараат алтернативни
решенија за мечевите на кои се домаќини.

Последнопласираниот во Втората
лига, Охрид Лоте на 10
септември треба да го угости Кораб, додека една недела подоцна претпоследно
пласираниот во Првата лига
Охрид треба да го пречека Металург.

М.П.