Како што информираат од Авто- мото сојузот на Македонија, од денес во 6 часот, започнат е штрајк на грчките царински служби.

Поради тоа, на граничните премини Дојран, Богородица и Меџитлија товарниот сообраќај е комплетно во прекин, додека патнички возила и автобуси ќе се пропуштаат на секои 2 часа.

На сите останати гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Според првичните најави, штрајкот ќе трае до сабота.

OhridNews