Големото невреме кое синоќа го зафати охридскиот регион, проследено со силен ветер, од езерските води исфрли големи количини отпад на кејот и пристаништето.

Екипите на „Јавна Хигиена„ од раните утрински часови се на терен расчистувајќи го натрупаниот отпад, каде најзастапена е трска и пластика.

При тоа, подигнати се околу 10 метри кубни отпад.

OhridNews