Пријателскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Белгија и Шпанија, кој требаше да се одигра во вторник е откажан поради закана од терористички напади.
Информацијата дека мечот помеѓу првата репрезентација на ФИФА листата и актуелниот европски првак ја соопшти Фудбалскиот сојуз на Белгија.
– Во договор со надлежните тела и со шпанската репрезентација решивме да го откажеме натпреварот. Жалиме што овој пријателски меч е откажан и го разбираме разочарувањето на навивачите. Сепак состојбата е вонредна, бидејќи се спроведуваат акции за апсење на терористи и ние не сакавме ништо да ризикуваме. Сигурноста на играчите и навивачите сепак е најважна“, стои во соопштението од белгискиот сојуз. – пренесува „Макфакс“.
Француската селекцијата во чест на жртвите кои загинаа во Париз ќе одиграа меч со Англија на Вембли иако се најавуваше одложување и на тој натпревар.
Ohridnews











