Поради укината социјална помош и нерешено станбено прашање, денес претпладне, 30- годишен охриѓанец со секира во рака извршил насилство во Центарот за социјални работи.

Револтиран, тој насилно влегол во центарот за социјални работи и со секирата започнал да ги крши прозорите од влезната врата и од другите канцеларии и помошни простории . Видно агресивен,  ги искршил и компјутерите со целокупната компјутерска опрема поставени во канцелариските оддели.  Потоа, започнал да ја оштетува и расфрла целокупната документација од работните бироа. 

Со навремена реакција на полициските службеници, лицето е приведено. СВР Охрид против него  ќе  поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Насилство“.  

OhridNews