Поради одржувањето на Кружната велосипедска трка, денеска во периодот од 10.30 ч. до 12 ч., за сообраќај ќе бидат затворени делови од кејот „Маршал Тито“, булеварот АСНОМ, улиците „ Партизанска“, „ Јане Сандански“, „ Димитар Влахов“ и „ Македонски просветители“, информираат од општина Охрид.
Локалната самоуправа, воедно апелира до граѓаните да имаат разбирање и трпеливост, поради кусиот прекин на сообраќајот во дел од централното градско подрачје.
OhridNews