Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ Македонија се одвива по влажни коловози.

Поради врнежи од снег и поголеми остатоци од снег на коловозот, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на планинските превои Стража и Маврово. За патничките возила нема забрана, но движењето е отежнато и затоа се препорачува исклучително внимателно возење и прилагодена брзина на движење на ваквите отежнати услови.

Поради почестата појава на поситни одрони низ клисурите и планинските превои, АМСМ препорачува  крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Од таму ги потсетуваат возачите дека треба  задолжително да поседуваат зимска опрема во возилата.

OhridNews