
-Подолго време предупредуваме дека се врши силен притисок врз Египќаните, како и врз симпатизери на двајцата кандидати, за што во повеќе наврати е побарана и заштита од државните органи. – стои во дописот на Петрит Хусеин и Демир Далип испратен до OhridNews.
Како што истакнаа двајцата претставници на Египќаните, листите ги повлекле од причина што не сакале во оган да го стават својот народ и истиот да го заштитат од криминални групи, кои, како што се наведува во дописот, и биле добро познати на охридската полиција.
-Иако длабоко разочарани од ваквите недемократски постапки заедно со соработниците, сипатизерите и подржувачите и понатаму активно ќе учествуваме во активностите во насока на заштита и остварување на правата на својот народ, а за притисоците ќе бидат известени сите меѓународни организации во земјата, вклучително и ОБСЕ, -се вели во дописот.











