Изминатите неколку денови водата од фонтаната на новиот плоштад кај Мини Маркет неконтролирано течеше и поплави поголем дел од просторот.

По реакции на граѓаните од околните објекти, екипи од Водовод Охрид излегоа на терен и го нормализираа истекувањето на водата од фонтаната.

Како што информираа од претпријатието, причина за излевањето на водата е тоа што одводните канали биле преполни со отпад.

OhridNews