ЈП Водовод Охрид ги известува жителите во и околу мерно место ОУ„Христо Узунов“ Охрид дека поради изведување на градежни работи од страна на надворешни приватни изведувачи зголемена е матноста на водата за пиење во и околу ОУ„Христо Узунов“ и истата се забранува за пиење.
Забраната ќе важи до добивање на резултатите од повторената анализа на водата за пиење во и околу ОУ „Христо Узунов“ направена од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Охрид, со која ќе се потврди дека водата е исправна за пиење, посочуваат од претпријатието.
OhridNews












