Членовите на Советот и Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, по веста за ненадејната и прерана смрт на поранешниот градоначалник на Општина Центар Жупа, Мазлум Хасан, изразуваат пораки со длабоко сочувство до неговото семејство, роднини и пријатели.
Мазлум Хасан за време на неговиот градоначалнички мандат од 2009 до 2013 година, активно беше вклучен во работата на Советот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион, силно залагајќи се развој на руралните средини во државата, меѓу кои и за неговата општина Центар Жупа. Ненаметливо и без, премногу ликување, успешно реализираше проекти од витално значење за месното население на родното Коџаџик, но и и остнатите населени места во општината.
Во еснафот е познат како редок реставратор кој успешно го развиваше својот бизнис во Италија. Беше еден од промоторите на македонската култура во оваа земја, особено преку поддршката на уметниците и учество на Венецијанското биенале.
Не напушти вреден пријател кој секогаш беше ведар и расположен, добродушен и целосно посветен на семејството и работата, се истакнува во соопштението на членовите на Советот и Центарот за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион по смртта на поранешниот градоначалник на Општина Центар Жупа, Мазлум Хасан. – се истакнува во пораката со сочувство на Центар за развој на ЈУГОЗАПАДНИОТ плански регион.
OhridNews