Поранешниот министер за финаснии на Австрија, Карл Хајнц Грасер, кој поднел пријава до даночната управа против самиот себе, признал дека затајувањето на данокот била негова грешка. Тој се одлучил на овој чекор бидејќи сакал да ја исправи својата грешка, и нагласил дека тоа не смеело да му се случи на еден поранешен министер за финансии.


Во изјавата напишал дека се надева дека грешката може да му се прости. Пријавата ја поднел за период од 2002 до 2008 година кај надлежните финансиски служби. Во тоа време тој сеуште бил приватник и основал фирма во Канада. Според неговите зборови, тој вложил 35 илјади евра, а кога забележал дека бизнисот не му оди одлучил да ја затвори фирмата, а од Канада повлекол 25 илјади евра. Во тоа време воопшто не помислил дека за тие пари мора да и плати данок на државата.