Поранешниот тренер на Фудбалскиот клуб Охрид 2004, Драган Антиќ е позитивен на вирусот Ковид -19.

Српскиот фудбалски стручњак кој моментално работи во Динамо Врање сам се пријавил во болницата во Ниш со висока температура. Првиот тест бил негативен, но вториот се покажал позитивен и Антиќ бил хоспитализиран.

Врање е четврти град во Србија по заразени лица од коронавирусот. До сега во градот има речиси 300 позитивни случаи, а вчера потврдени биле нови 30.

Популарниот „Рецко“, екипата на Охрид ја предводеша во Првата лига и во еден момент успеа да стигне до четвртата позиција на табелата. На полусезона, Антиќ си замина а клубот после турбулетната полусезона испадна од македонската фудбалска елита.

OhridNews