Унгарскиот ракометен првак Веспрем го назначи Давид Дејвис за нови тренер и многу брзо ги реши дилемите околу позицијата која остана празна после отказот за Љубомир Врањеш.

Дејвис со редовниот ученик во самата завршница во Лигата на Шампиони потпиша едногодишен договор со можност за уште една дополнителна година.

Шпанскиот стратег на македонската јавност и е познат по ангажманот во машкиот и женскиот ракометен клуб Вардар. Во машкиот клуб беше десна рака на Раул Гонзалес, додека кај женските беше прв стратег една сезона.

Дејвис покрај улогата на тренер во Веспрем каде настапува Дејан Манасков ја има и селекторската палка во селекцијата на Египет.

OhridNews