
Претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Зоран Илоски, соопшти дека на конкурсот што го објавило Собранието се пријавиле 32 кандидати.
Од нив за членови на Комисијата предложени се Новица Велјаноски, доктор на правно историски науки, Вецко Здравески, магистрант по политички науки од Кичево, Предраг Димитровски дипломиран новинар од Скопје, Игор Лазаровски, дипломиран шумарски инженер од Скопје, Сашко Јанев секретар на општина Неготино и магистрант по историја, Даут Даути новинар од Скопје, Шпенди Винца дипломиран социолог од Струга, Ристана Лалчевска дипломиран правник, Линко Бејзаровски политоколог од Пласница.
Доколку предлог одлуката биде изгласана од членовите на Комисијата, таа ќе се најде на дневен ред на единаесетата собраниска седница која е закажана за среда
OhridNews
извор:„Макфакс“












