Поранешниот фудбалер на Охрид 2004, Ардит Шаќири направи трансфер во екипата на Шкендија. Шаќири изманативе шест месеци го носеше дресот на Дрита, но поради повреди неможеше да настапи и го раскина договорот со тимот од Боговиње.

Шаќири во охридскиот состав настапуваше минатата сезона во есенскиот дел кога “рибарите“ ги бележаа одлични резултати во Првата лига под палката на Српскиот стратег, Драган Антиќ.

По заминувањето на дел од фудбалерите на Шкендија, Ардит ќе биде вистинско освежување за стратегот Артим Шаќири во средниот ред.

Мх.П.