На сите земји од поранешна Југославија им се заканува должничко ропство поради јавен долг од 90 милијарди долари, оцени словенечкиот весник „Дневник“.

-Јавниот долг на земјите на поранешна Југославија изнесува 90 милијарди евра, а пред распадот на Југославија изнесува околу 20 милијарди. Сите тие земји, освен Словенија, полека лизгаат во должничко ропство доколку не преземат итни и строги мерки, пишува весникот.


Според љубљанскиот весник, моментно рекордер во јавен долг е Словенија со 28,8 милијарди евра, но има највисок БДП од сите тие држави така што има можност да го отплати. На второ место е Хрватска со долг од 28,7 милијарди евра. Следува Србија со долг кој поминал 20 милијарди или 63,3 отсто од БДП. Босна и Херцеговина има јавен долг од 5,5 милијарди евра, Македонија од 2,7 милијадри евра и Црна Гора од 1,7 милијарда евра.

Соработникот од Институтот за пазарно истражување Саша Џоговиќ изјавил дека земјите од поранешна Југославија полека тонат во должничка криза бидејќи распадот на поранешната држава „деструктивно влијаел на индустријата, производството е намалено, а значајно е падната и конкурентноста на економијата и на претпријатијата.“

OhridNews