Победата над Ливерпул во вечното дерби беше шеста во низа за Манчестер Јунајтед во Премиер лигата. „Ѓаволите“ полека го враќаат препознатливот сјај на клубот, кој го красеше со години.


– Само со верба во нас можеме да стигнеме да се бориме за титулата во англиската Премиер лига. Многу пати во минатото се наоѓавме во вакви ситуација па излегувавме како победници. Моето искуство и она на Мајк Керик и Дарен Флечер ќе им го пренесе останатите соиграчи за и нив да им ја вратиме самодовербата – рече капитенот Вејн Руни.

Моментално фудбалерите од Олд Трафорд се наоѓаат на третата позиција три бодови зад второпласираниот Манчестер сити и осум позади лидерот Челси.

– Влегуваме во згуснат распоред каде често се случуваат непланирани резултати. Нам ни е задача да ги добиваме нашите натпревари и да чекаме лош ден на водечките на табелата – додаде Руни.

В сабота во 17-та рунда од Премиер лигата, Мен Ју гостува кај Астон Вила, Мен Сити го пречекува Кристал Палас, а Челси ќе се судри на гостински терен со Стоук.

Мх.П.