Вкупно 264 одобренија за градење биле издадени во септември 2014 година, што е за 118,2 отсто повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3,93 милијарди денари (64 милиони евра) што е за 22,1 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 176 се наменети за објекти од високоградба, 29 за објекти од нискоградба и 59 за објекти за реконструкција.
Од вкупно 264 објекти, на 198 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 66 објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 448 станови, со вкупна корисна површина од 38.500 метри квадратни, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.
OhridNews