Во февруари 2014 година во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување биле евидентирани 290.488 пензионери, што претставува зголемување од 1,9 процент во споредба со истиот месец од 2013 година. Во однос на јануари 2014 година бројот на корисници на пензија е поголем за 151 лице.

Од вкупниот број пензионери, 58,4 отсто се корисници на старосна пензија, 26,5 отсто на семејна пензија и 15,3 проценти на инвалидска пензија. За исплата на пензиите во февруари 2014 година се потрошени 3.511 милиони денари, што претставува 56,6 отсто од вкупните социјални трансфери.

Просечната пензија во февруари 2014 година изнесува 12.420 денари, што на годишно ниво претставува зголемување од 8,5 проценти. Соодносот на просечната пензија со просечната исплатена плата во јануари 2014 година (последни расположливи податоци) изнесува 55,4 отсто.

OhridNews