Во првите три месеци од 2014 година скоро 87 милиони евра странски директни инвестиции влегле во земјава, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Истиот период лани НБРМ пресметала пораст од скоро 10 милиони евра.

Според Централната банка, 53,3 милиони евра од вкупните директни инвестиции се акционерски капитал и реинвестирана добивка.

Најголеми инвестиции доаѓаат од компании од Швајцарија, Германија, Австрија и Грција, а најмногу се инвестирало во производството, земјоделството и енергетскиот сектор.

OhridNews