Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2014 година, во споредба со септември 2014 година, е зголемен за 0,1%, објави Државниот завод за статистика на Република Македонија.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1% и Безалкохолни пијалаци за 0,1%.

Индексот на цените на угостителските услуги во октомври 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1,3%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – октомври 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0,8%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,4%.

OhridNews