Во првите 8 месеци од годината, од јануари до август, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужи вкупно 2.255.573 патници и 17.719 летови.
Бројот на опслужени патници ги надмина бројките од истиот период во 2024 година за 6%, додека бројот на летови е за 3% повисок за периодот јануари – август во 2024 година, посочуваат од ТАВ Македонија.
Само во август годинава, додаваат, опслужени се вкупно 373.059 патници на двата аеродрома, што е пораст од 9% споредено со истиот месец во 2024, а бројот на реализирани летови е 2.734 што е за 1% повеќе од ланскиот.
OhridNews