Бруто домашниот производ на Република Македонија во третиот квартал од годинава блежи раст од 2,3 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат, во однос на истиот период од 2010 година, номинално пораснале  за 4,8 отсто, а нивното учество во структурата на бруто- домашниот производ изнесува 75,7 отсто.

Статистичките показатели говорат дека значителен раст има кај извозот на стоки и услуги од 18,8 отсто, додека увозот пораснал за 19 отсто.

Најголем пораст, е регистриран во секторот градежништво од 12,3 отсто. Хотелите и рестораните бележат раст од 7, а земјоделството од 6 отсто.

OhridNews