
Во нив најголемиот дел или речиси две третини се кривични дела “телесна повреда“. Извршители во 90 отсто од делата се припадници на машкиот пол, а жртви во речиси идентичен процент се жените (мајки, сопруги, ќерки…). Кај евидентираните прекршоци има намалување за 10 проценти – односно за деветте месеци од годинава евидентирани се 257 прекршоци во споредба со 288 лани, а дури 95 проценти од прекршителите се мажи.
Бројот на поплаки за семејно насилство за девете месеци годинава е над 3.200 што е зголемување од над 36 проценти во споредба со истиот период минатата година. А, најголем број од поплаките се поради психичко малтретирање на жртвата (над 2.500) потоа следат оние за физичко малтретирање и на крајот поплаки за малтретирање на жртвата од економски побуди.












