Екипата на Валенсија со 2-1 на Ноу Камп ја совлада Барселона и комплетно ја врати неизвесноста за титулата на пет меча од крајот на шпанската Примиера дивизион.


Поразот од „лилјаците“ е трет во серија за каталонците кои немаат победа четири мечеви во Ла Лига. Барселона за само четири меча успеа да ја прокоцка предноста од 12 бодови што ја градеше цела сезона.


Атлетико и Реал Мадрид победија во 33-та рунда и со бод дефицит влегуваат во завршните пет кола од Ла Лига кои ќе бидат понеизвесни од било кога.

OhridNews