Екипата на Наполи прокнижи нови три бодови во италијанската Серија А, откако на домашен терен со 2-0 го совлада тимот на Џенова. 


„Азурите“ после педесет минути го скршија отпорот на гостите кои немаат победа од декември месец минатата година. Прв целта на Џенова ја погоди Зилински, а во 68-та минута Џакерини ги постави конечените 2-0. 

Капитенот на Македонија, Горан Пандев воопшто не настапи на Сан Паоло против својот поранешен клуб и мечот го проследи од клупата. 

OhridNews