Охридскиот кошаркарски клуб со пораз ги започна натпреварите во Втората АБА лига, откако изгуби од Борац Чачак 82-62 (14-21, 19-20, 18-20, 11-21) на домашен терен.

„Галебите“ иако претрпа двоцифрен пораз скапо ја продадоа својата кожа во дебитито и го намачија еден од фаворитите за првата позиција да стигни до победа.

Гостите носени од искуството подобро го отворија мечот и ја презедоа контролата. Ефикасниот почеток им донесе на „црвените“ позитива од плус седум по десет минути игра (21-14)

Втората четвртина помина со изедначен тек. Охриѓани стигнаа до минус пет, а гостите со мини серија ја вратија предноста (41-33) на полувремето.

На стартот од третиот квартал со серија 7-0 „галебите“ успеаја да намалат на минус еден (41-40). Гостите одговорија на исти начин и со десет поени во серија стигнаа до најубедлива предност 51-40.

До крајот на третата четвртина кошаркарите на Борац Чачак ја задржаа предноста и со десет поени влегоа во последната четвртина.

Во решавачките десет минути гостите ја дуплираа предноста и ја запишаа првата победа во АБА лигата со конечни 82-62.

Со 21 поен Реми Бери беше најпрецизен во составот на АВ Охрид, додека ист број на поени постигна Марко Стојадиновиќ.

Во следното коло „галебите“ гостуваат кај составот на Ловчен во Црна Гора.

OhridNews