Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров и екипата на Атлетико Мадрид претрпеа пораз 32-24 (13-13) од Барселона во финалето од АСОБАЛ купот во Шпанија.

Почетокот од финалниот меч не наговестуваше пораз за ракометарите на Атлетоко Мадрид во финалето откако “јорганџиите“ започнаа фуриозно и створија предност од +4 (5-1).

Барселона полека се консолидираше и од минута во минута ја топеше разликата на Алтетико Мадрид и на полувремето се замина со егал (13-13).

Очајните десет минути во вториот дел Атлетико Мадрид го чинеше златен медал. “Блауграната“ ја користеше секоја грешка, а капак на се беше исклучувањето на тренерот на Атлетико, Талант Душабеав.

До крајот на натпреварот Барселона одигра онолку колку што требаше и заслужено го одбрани трофејот во Асобал Купот.

Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров постигна два погодоци и имаше неколку одлични асистенции. Најпрецизен во составот на Атлетико Мадрид беше пивотменот Агинагалде со пет голови.

Мх.П.