Македонската женска ракометна репрезентација претпре пораз 20-28 од Црна Гора во вториот пријателски натпревар одигран во Охрид.

“Црвено – жолтите“ играа одлично во првите десет минути, кога и на теренот беше првата македонската постава. Имавме предност од 5-2, по што следуваа серија замени и кај едната и кај другата селекција.

Во таа ротација подобро се снајдоа “црвените“ кои со серија 9-0 го завретија резултатот во своја корист. Мечевска ја прекина пост серијата по што се играше гол за гол и со плус седум. 15=8 се змина на одмор.

На стартот на вториот дел мини серија на македонските репрезентативки по кој стигнавме на минус 4, 15-11. Но повторно серија грешки им дозволивме лесни голови на црногорките кои ја направија клучната предност од 19-12.

До крајот на мечот и двете репрезентации неизменично ја погодуваа противничката мрежа, по што разликата остана иста.

М.П.