Ракометарите на Охрид, немаа успешен почеток на новата сезона, откако претрпеа пораз на гостувањето кај скопски Пролет 21-19 (8-7) во првата рунда од Супер лигата.

„Гладијаторите“, пред почетокот на натпреварот, важеа за благи фаворити но на теренот не го оправдаа таквиот епитет и со пораз ја започнаа сезоната.

Домаќините подобро се снајдоа во тврдата игра во воведот од мечот и поведоа со 3-1. Охриѓани, каскаа цело време заостанувајќи со еден погодок и на одмор заминаа со негатива од 8-7.

Во второто полувреме, Пролет, го подигна темпото на игра а охридскиот состав немаше одговор. На семафорот стоеше 17-11 во корист на домашниот состав.

Избраниците на Раде Стојановиќ до финишот стигнаа до еден негатива 20-19, но заморот од бркањето на резултатот си го направи своето и Пролет со уште еден погодок ја запечати победата.

Во тимот на Пролет, со седум погодоци најпрецизен беше Доне Мајнов а шест реализираше Мартин Поповски. Помеѓу охриѓани најрасположен беше Мартин Манасков, кој мечот го заврши со четири погодоци.

Шанса за поправен, охридските ракометари ќе имаат против Работнички во втората рунда од шампионатот.

 

OhridNews