Охридските бели претрпеа пораз од Ренова со 2-0 на премиерниот натпревар во Првата лига. “Рибарите“ немаа решение за Јанчевски кој погоди на два пати во мечот, по еднаш во двете полувремиња.


Првиот пат популарниот Јанкер погоди во 28 минута, додека во 52 го дуплираше водството. На првиот меч во сезоната напаѓачите на Цветаноски не успеаа да го пронајдат патот кон мрежата.

Наредниот натпревар Охрид 2004 го игра исто така во Тетово, а му гостува на Тетекс.

М.П.