Старт со пораз за македонската женска кошаркарска репрезентација на Б-континеталниот собир во Охрид.


Португалија беше пресилна за нашиот состав победувајќи со 72-58 (20-16, 21-14, 15-14, 16-14).

Митрашиновиќ со 13 поени беше најефикасната во нашиот состав, во кој уште двоцифрени завршија Раденковиќ и Темелкова по 10 поени.

Во победничкиот тим најпрецизна беше Брандао со 18 поени, Доминегеш и Кореира уфрлија по 13, додека Лувило беше единствената со дабл-дабл ефект 12 поени и 10 скока.

Наредниот меч Македонија го игра в недела против Бугарија.

Ohridnews