Четири порази во исто толку натпревари за македонската женска репрезентација во мечевите во групи на ЕП Б –дивизија за девојки до 20 години. Поразите од Португалија ( 72-58), Унгарија (62-51) Бугарија (66-54) и Шведска (87-47) се реален приказ на целокупната состојбата во македонската женска кошарка.
– Жалосно е што женската кошрака е падната на ова ниво, сето тоа е одраз на состојбите во македонските клубови. Во градовите низ Македонија, слаб односно никаков е интересот на бизнис секторот за вложување во клубовите, години наназад нема посериозни вложувања, а ретко кој клуб може да излезе со годишен план во кој ќе може да ја помине цела сезона – велат домашните експерти.
Дополнителен проблем според нив е и подготвеноста на македонските селекторите, кои ја водат селекцијата. Неколку години наназад се експериментира со изборот на селектори. Селекторот Лидија Милкова која важи за одличен играч, нема никаво тренерско искуство, а притоа нема никакво познавање со состојбите во клубовите. Ниту нејзнииот помошник Ана Јованоска речи си да нема реална слика за односот во клубовите, прашање е колку можеме да си дозволиме вакви авантури , коментираат тие.
Никој не поднесува одговорност за ваквите порази, а ниту пак од МКФ не се нешто потресени по серијата вакви порази. Во Охрид се добива впечаток дека малку се работи за афирмацијата на женската кошарка во Македнија, туку повеќе е умилкување на челниците на ФИБА за доделување на вакви шампионати.
– Средствата не се насочуваат за развојот на женската кошарка и тие не доаѓаат до клубовите, мал исчекор напред е направен во изгледот на нашите девојки, кои пред две години тренираа во маички кои сами си ги обезбедуваа, додека годинава националниот тим заличи на нешто, па така девојките се униформирани, и на тренинг и на прошетките низ градот – велат познавачите на состојбите во македонската женска кошарка.
Македонија до крајот на шампионатот ќе има можност да ја поправи сликата во мечевите за пласман од 9 до 11 место. На шампионатот пред две години во Охрид настапот го завршивме без победа, додека лани во Кавадарци забележавме една победа над Австрија.
Од 15 до 18 јуни Охрид ќе биде домаќин на меѓународниот младински кошаркарски турнир „OHRID HOOPS 2026“, кој годинава ќе собере 11 екипи од пет држави – Македонија, Албанија, Грција, Турција и Црна...
Од 12 до 14 јуни 2026 година, Охрид ќе биде домаќин на БТА Триатлон Балканското првенство, еден од најзначајните спортски настани во регионот, кој ќе донесе повеќе од 350 натпреварувачи од 15 земји...
Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, утре ќе се одржи јубилејната (10 по ред), меѓународна ИПА велосипедската рекреативна тура Охрид-Струга-Радожда Стартот ќе бид...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.