Атлетико Мадрид ги однесе бодовите од Сантијаго Бернабеу победувајќи го градскиот ривал Реал Мадрид со 1-0 во дербито од 26-та рунда во Ла лига.


Кралските фудбалери тешко го поднесоа поразот, а најмногу во критиките отиде Кристијано Роналдо кој обвини дел од соиграчите за физичката неподготвеност.

– Не играме сите на исто ниво, а кога тоа би било така ние ќе бидеме први на табелата без многу размислување. Не сакам да ги критикувам играчите, но нам ни се потребни 100% подготвени фудбалери кои можат и сами да ја преземат одговорноста. – рече Роналдо.

По изјавата на Португалецот, веднаш во јавност се обрати и капитенот Серхио Рамос кој побара одговорност од Роналдо и ги одбрани соиграчите од коментарите.


Херој на „јорганџиите“ беше Ентони Гризман кој за победа погоди во 53-та минута. Атлетико на Реал им побегна четири бодови на табелата и се доближи на пет од Барселона која има натпревар помалку. 

OhridNews