Поразот од Челси (4-0) во дербито на Стемфорд Бриџ не е најголема грижа за Манчестер Јунајтед и навивачите, откако Жозе Мурињо соопшти дека Ерик Бејли ги повредил лигаментите на коленото.


Дефанзивецот од Брегот на Слоновата Коска со поткривнување го напушти теренот во 52-та минута од мечот и беше заменет со Маркос Рохо.

– Бејли доби повреда на коленото и се плашам дека е се работи за најлошото. Тој одма се пожали во делот на коленото каде што се наоѓаат лигаментите. Деталните прегледи ќе покажат дали и колку време ќе паузира Бејли. – рече Мурињо.

Португалскиот стручњак се најде во фокусот на медиумите по разговорот со Конте после завршување на мечот.

OhridNews