Поразот од Металург во Лигата на Шампиони е минато за Барселона и Кирил Лазаров. Каталонците бесот за неуспехот во „Борис Трајковски“ го истурија врз Пуерто Сагунто совладувајќи го 42-21.

Стандардно еден од двигатели во триумфот на каталонците беше десниот бек Лазаров, кој постигна шест погодоци. Колку него голови реализираше Гарсија, а пет пати мрежата ја погодија Нодезбо и Виктор Томас.

Сезонава Барселона ќе се прошета во АСОБАЛ лигата до титулата, а секако приоритет е и трофејот во Лигата на Шампиони.

Мх.П.