Концесионерот на рекреативната зона „Охридско Езеро“ „Питон Фишинг“ изврши порибување на Сатеска и Песочка река, а во текот на денешниот ден најавено е порибување и на Коселска Река со најмалку 10 000 рипчиња подмладок од охридска пастрмка.

Овие реки не биле порибени повеќе од 20 години. Грижата за природата е наша обврска од која нема отстапување, велат од „Питон“.

Компанијата „Питон“ е концесионер во сферата на рибарството на риболовната зона „Воска“ за стопански риболов која се протега од селото Подмоље до Св. Јован Канео и рекреативна зона (ревир) „Охридско Езеро“ за рекреативен риболов која го опфаќа целиот дел на Охридско Езеро кој припаѓа на Р.С. Македонија Охрид и Струга, каналот Студенчишта и сите притоки на Охридско Езеро како што се Коселска река, Велгошка река, реките Черава и Сатеска и сите нивни притоки освен изворите кај Св. Наум и заштитените зони на езерото.

OhridNews

фото. „Питон“