Како што потенцира премиерот Никола Груевски, основна цел на измените кои се донесени пред неколку месеци е да се стави ред и правичност во издавањето на легла и соби на студентите, како за оние што имаат најдобар успех, така и за оние кои доаѓаат од најзагрозени семејства.
Како што информира премиерот, 40 отсто од слободните места во домовите ќе бидат наменети за најранливите категории на студенти. За таа цел два пати годишно ќе се врши контрола со цел да се види дали соодветно и правично се спроведува Законот во делот на поделба на студентските легла.
Доколку се утврдат одредени неправилности, директорите на студентските домови ќе бидат кривично казнети.