Локалните избори завршија. Познати се резултатите. Изборните штабови на двете големи коалиции започнаа со анализа на (не) успехот постигнат на локалните избори, но не пропуштија да се заблагодарат за поддршката која им ја дадоа граѓаните, како и за коректниот однос на охридските медиуми во текот на кампањата.


Дејан Пановски и Никола Митровиќ

Од име на коалицијата „За подобра Македонија“, се заблагодарија портпаролот Никола Митровиќ и одговорниот за односи со јавност во коалицијата Дејан Пановски, а во коалицијата „Сојуз за иднината“ тоа го направи портпаролот Дејан Блажески.


Дејан Блажески

OhridNews